Клинтот разговара со египетските воени власти

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и началникот на Генералштабот на египетската војска Хусеин Тантави на средба во Каиро, 16 март 2011.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска разговара со египетските воени лидери. Таа е во посета на Египет во обиди да се обезбеди политичка транзиција на земјата. Клинтон денеска се состана со началникот на Генералштабот на египетската војска Хусеин Тантави, човекот кој служеше како привремен владетел на Египет, по соборувањето на долгогодишниот лидер Хосни Мубарак минатата година.
Клинтон посетата на Египет ја започна вчера со разговор со новоизбраниот претседател, Мухамед Морси. Таа ја повика војската да го почитуваат исходот на изборите и да продолжи да ја исполнува улогата за одржување на националната безбедност. Клинтон е највисокиот американски претставник кој се сретнал со Морси член на движењето Муслиманското братство.