Jубилејна 50 Галичка свадба

Претседателот Ѓорге Иванов .

Јубилејната 50-та Галичка свадба се одржува денеска во Галичник. Гости на манифестацијата ќе бидат и претседателот Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски придружувани од претставници на дипломатскиот кор. Младоженци на овогодинешната Галичка свадба се Даница Тортеска и Трајче Лозаноски. Галичката свадба, која е организирана манифестација од 1963, во изминатите пет децении прерасна во туристичка атракција. Содржи 30 свадбени обичаи од мијачкиот крај, а невестата два дена е облечена во носија составена од 46 делови, тешка 25 килограми. Свадбите во Галичник секогаш се правеле околу верскиот празник Петровден кога печалбарите се враќале дома.