Убиени 7 милитанти во Дагестан

Властите во Дагестан соопштија дека седум анти-владини милитанти , меѓу кои и двајца команданти биле убиени за време на безбедносна операција во близина на селото Утамиш.
Според нив, бил застрелан и еден припадник на руското министерство за внатрешни работи, а двајца биле повредени.