Владата ќе гради нови патишта

Владата најави дека до крајот на годината ќе се реализираат најмалку 76 локални патишта со вкупна должина од 176 километри за кои ќе бидат инвестирани 15 милиони евра и четири регионални правци со должина од 74 километри и вредност од над 10 милиони евра.
Потпаролот на владата Александар Ѓорѓиев изјави дека ова е прва влада која силно и програмски се осврна на овој сектор и ќе продолжи со истиот ангажман и издвојување на средства и ресурси за подобрување на локалната патна инфраструктура на секое ниво.