Проблеми со безбедносниот персонал за Олиписките игри во Лондон

Безбедносната фирма Г4С се извини бидејќи не може да обезбеди доволно луѓе за Олимписките игри во Лондон. На помалку од две недели до почетокот на олиписките игри фирмата соопшти дека ќе изгуби 77 милиони долари, бидејќи нема да успее да го обезбеди ветениот број на лица кои ќе се грижат за безбедноста.
Британските влсти го зголемија бројот на воениот персонал од 3500 на 17 000. Безбедносната фирма според договорот требаше да обезбеди 10 илјади чувари.