Меморијална служба во чест на жртвите од Коста Конкордија

Потонувањето на Коста Конкордија

По шест месеци од потонувањето на бродот Коста Конкордија се одржа меморијална служба во чест на жртвите. При несреќата загинаа 32 лица, од кои две се уште се водат како исчезнати. Римокатоличкиот свештеник Гилермо Боргети ја пофали заедницата на италијанскиот остров за нивната спонтана великодушност за време на несреќата.
Капетанот на бродот Франческо Четино призна дека бил расен за време на несреќата, но не презема одговорност за случајот.