Четврт милион луѓе евакуирани во Јапонија поради невремето

Потрага по исчезнати лица во невремето во Јапонија

Речиси четврт милион луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во југозападниот дел на Јапонија, поради големото невреме кое веќе трет ден не престанува во регионот. Дваесет лица досега го загубија животот од поплавите на островот Кјушу.
Јапонската метеоролшка агенција предупреди на лизгање на земјиштето и поплави во Кјушу, каде паѓа дожд до 11 сантиметри на час.