Во инцидент животот го загуби жител на Калишта

Струга

Во инцидент што се случил десет минути по полноќ во атарот на село Радолишта-Струга животот го загуби Вејсел Максути од Калишта - Струга. На инцидентот му претходеле повеќе настани за кои биле повикани полициски службеници од Полициската станица во Струга.Ж
Тој нападнал неколку туристи од Холандија а потоа истепал и неколку членови од неговото семејство.Вејсел бил наркоман и познат деликвент во струшката полиција. Тој бил брат на убиецот Гзим Максути, кој пред неколку дена со нож усмрти 79-годишна старица во центарот на Струга, јавија македонските медиуми.