На Pussy Riot ќе им се суди на 20 Јули

Судот во Москва најави дека прелиминарното сослушување на членовите на женската Панк група Pussy Riot ќе започне во петок, на 20 јули. Судот на сесијата зад затворени врати се очекува да го разгледа продолжувањето на притворот на трите млади жени.
Тие се обвинети за нанесување "длабоките духовни рани" на православните христијани со нивниот настап во Црквата на Христос Спасителот во кој тие го осудија владеењето на Владимир Путин во Русија. Три – Надежда Толоконикова, Екатерина Самутсиевиќ и Марија Алекина се во притвор од март. Според Амнести интернешнал, тие се "затвореници на совеста“.