Пежо - Цитроен ќе крати 8 илјади работни места

Францускиот автомобилски производител Пежо – Цитроен објави кратење на 8 илјади работни места во Франција и затворање на главната фабрика северно од Париз.
Оваа фабрика во која над 3000 вработени го произведуваат Цитроен Ц3, ќе го затвори производството кон крајот на 2014.
По објавата на одлуката на менаџментот, поради загубите од над 700 милиони евра за првите 6 месеци, работниците започнаа штрајк.
Причини за загубите се пад на продажбата поради рецесијата во Европа. Во првото тромесечие продажбата опаднала за 20 насто.