САД - да не се користи хемиско оружје во Сирија

Хомс - Сирија

САД ги предупредија официјалните преставници на Сирија дека ќе бидат сметани за одговорни доколку не спречат користење на хемиско оружје во конфликтот. Ова соопштение на Стејт Департментот доаѓа по извештајот на Вол Стрит Журнал дека хемиско оружје било преместувано од магацините во Сирија.
Во меѓуврме, сириската опозиција обвини дека над 200 лица биле убиени при напади на сириската војска во провинцијата Хама. Лондонската Сириска обсерваторија за човекови права соопшти дека убиствата се случиле во селото Треимса.
Државната новинска агенција САНА јави дека имало судири меѓу владините сили и таканаречени терористички групи, но не информира колку лица загинале.