Над 200 убиени во Сирија, тврди опозицијата

Повеќе од 200 лица биле убиени во напади на сиријската војска во провинцијата Хама, тврдат сиријски опозициски активисти. Лондонската Сиријска обсерваторија за човекови права соопшти дека убиствата се случиле во селото Треимса. Лидер на бунтовниците изјави дека сиријските про-владини сили употребувале хеликоптери и минофрлачи во офанзивата. Државната новинска агенција САНА јави дека имало судири меѓу владините сили и таканаречени терористички групи, но не информира колку лица загинале.