Молдавија ги забрани комунистичките симболи

Парламентот на Молдавија денеска ја забрани употребата на комунистички симболи и ги осуди злосторствата извршени од страна на комунистичкиот режим во поранешната Советска Република Молдавија.
Овој потег значи дека Комунистичката партија сега ќе треба да го замени својот симбол -српот и чеканот со нов амблем. Комунистичката партија која има 36 пратеници во парламентот, не учествуваше во гласањето и ја напуштија седницата во знак на протест. Лидерот на Комунистичката партија Владимир Воронин изјави дека неговата партија ќе се оспори Законот пред Уставниот суд. Овој потег може да ги докомплицира напорите за решавање на долготрајниот спор со отцепениот регион Трансдњестар, кој продолжува да ги користи симболите од комунистичката ера.