Белорусија- уапсени шпиони во корист на Литванија

Шефот на белоруското КГБ.

Неколку лица се уапсени во Минск за шпионажа во корист на Литванија, која граничи со Белорусија и е членка ЕУ, соопшти денеска информативниот центар на белорускиот Комитет за државна безбедност(КГБ). Во соопштението, кое беше објавено денеска на веб страната на белоруското КГБ, шпионот од Литванија е наречен „Господин Ф“. Според нив тој бил агент на литванското военото разузнавање и бил на операција во Белорусија. Наводните шпиони се обидувале да се здобијат со тајни информации во воената сфера, смета КГБ. Во соопштението не се кажува колку лица се уапсени. Од литванското Министерство за надворешни работи обвиненијата ги отфрлија како невистинити.