Пакистан- повторно отварање на случај против претседателот

Претседателот Асиф Али Зардари.

Пакистанскиот Врховен суд денеска нареди повторно да се отвори истрага за вмешаност во корупција на претседателот Асиф Али Зардари. Судот му наредил на премиерот да отвори истрага затоа што е обврзан да ги имплементира насоките на судот. Случајот против Зардари беше ставен настрана во 2007 година по наредба на тогашниот претседател Первез Мушараф. Но Судот подоцна пресуди дека амнестијата била нелегална. Владата одби да го послуша судот велејќи дека шефот на државата ужива имунитет од судско гонење.
Зардари вели дека обвиненијата се политички мотивирани.