ОН- Репутацијата на Казахстан е нарушена

Kazakhstan – UN High Commissioner for Human Rights Navi Pillay. Astana, 12Jul2012.

Шефот за човекови права на ОН изјави дека угледот на Казахстан е нарушен поради неможноста на властите да спроведат темелна истрага за насилството во западниот град Жанаозен. Полицијата таму застрела најмалку 16 луѓе во декември минатата година по долгиот протест на нафтените работници кои беа отпуштени откако штрајкува.
Високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај откако го посети Казахстан изјави дека фактите откриени досега укажуваат на тоа дека имало прекумерна употреба на сила и злоупотреба на власта.
Пилај изјави дека зад настаните во Жанаозен има и корупција кај локалните власти, како и ограничување на слободата на изразување и здружување во Казахстан.