ФИФА: Авеланж и Тешеира примале поткуп

Светската фудбалска федерација потврди дека екс претседателот на ФИФА Жоао Авеланж и поранешниот член на Извршниот комитет Рикардо Тешеира примиле поткуп од неколку милиони долари. ФИФА конечно го објави извештајот на судот во Швајцарија во кој се прецизира дека Тешеира во периодот меѓу 1992 и 1997 година примил 13 милиони долари од маркетинг партнерот Ај Си Ел. Авеланж, според извештајот, пред да биде сменет од Сеп Блатер во 1997 година примил милион долари. Досието датира од пред две години, но беше блокирано за објавување. ФИФА го објави документот неколку часа откако Врховниот суд на Швајцарија пресуди дека медиумите треба да ги добијат сите детали во врска со овој случај.