Вечер свечено отворање на „Охридско лето,,

Од фестивалот Охридско лето

Во Античкиот театар во Охрид вечер ќе биде отворено 52то издание на ,,Охридско лето,, најголемата музичко сценска манифестација во земјата. Фестивалот ќе биде отворен со театарскиот ораториум „Ромео и Јулија,, во чија реализација ќе бидат вклучени повеќе од двеста македонски и интернационални уметници. Во текот на 40-те фестивалски денови, на сцените на Долни Сарај, Античкиот театар, црквата Света Софија и нејзиното предворје, но и во Заливот на коските ќе бидат изведени девет театарски претстави од кои пет премиери и две праизведби, како и голем број настапи на музичари од светот.