Убиени осум припадници на пакистанската полиција

Официјални извори на Пакистан соопштија дека вооружени напаѓачи застрелале осум припадници на пакистанската полиција и затворскиот персонал во нападот врз една зграда во источниот град Лахоре. Девет лица биле повредени. Полицијата соопшти дека напаѓачите пристигнале со мотори и стрелале кон зграда каде што престојувале 35 полицајци , главно офицери од северозапад, кои биле во Лахоре на обука. Напаѓачите избегале и засега никој не ја презеде одговорност за нападот. Ова е втор напад во три дена на припадници на безбедносните сили во провинцијата Пенџаб. Во понеделникот, вооружени лица застрелаа седум припадници на безбедносните сили воен камп на помалку од 150 километри југоисточно од Исламабад. Тензиите се зголемени откако Пакистан минатата недела одлучи повторно да ја отвори авганистанската граница за НАТО конвоите, по седум месечната блокада.