Грчката полиција запленила 168 килограми кокаин

Грчката полиција запленила 168 килограми чист кокаин сокриен во контејнери на брод во Солун кој таму допатувал од Јужна Америка. При акцијата се уапсени четири луѓе, двајца Бугари, еден Шпанец и еден Португалец. Полицијата не ја соопшти земјата на потекло на кокаинот. Според нивни проценки вредноста на стоката се проценува на 5, 5 милиони евра ако се продава на големо или околу 15 милиони евра ако се продава на црните пазари.