Русија воведува црна листа на веб сајтови

Руската верзија на Википедија

Рускиот парламент денеска одобри закон според кој се воведува црна листа на непожелни интернет страници. Активистите стравуваа дека на тој начин ќе се воведе цензурата на интернет. Предлог-законот помина брза процедура во парламентот, односно првото читање беше минатиот петок.
За да стапи на сила законот треба да биде потпишан од претседателот. Се очекува да стапи на сила од ноември. Властите велат дека измените и дополнувањата на постоечкот закон за информации се мерки за сузбивање на детската порнографија. Според нив со создавањето федерален регистар ќе им се забрани на веб-сајтовите да објавуваат забранети информации, а доколу тоа се случи сопствениците ќе мора да ги затворат сајтовите. Руската верзија на Википедија вчера започна штрајк во знак на протест поради предлог-законот. На својот сајт тие напишаа „Замислете свет без слободно знаење.“ Денеска сајтот повторно работи.