Иран имун на санкциите од Запад

Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи

Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи денеска ги отфрли построгите санкции наменети за неговата земја поради нејзината нуклеарна програма. Тој вели дека неговата нација станала имуна на санкции. Ајатолахот Хамнеи изјави дека западните земји го „вакцинирале“ Иран против санкции со сите оние мерките што му ги сервирале во изминатите 30 години.
Коментарите на Хамнеи дојдоа откако Европската унија воведе ембарго за купување на нафта од Иран, што стапи на сила на 1 јули. Претходно и САД воводоа санкции.
Хамнеи изјави дека Иран ќе застана против „сите заговори и санкции“ и дека сега се „100 проценти посилни“ отколку пред 30 години. Иранските власти редовно ги игнорираат санкциите, но економистите велат дека санкциите во комбинација со невработеноста и растечката инфлација создаваат тешкотии и нови предизвици за иранската власт.