Британската полиција уапсила двајца новинари како дел од истрагата за коруптивни зделки меѓу полицијата и новинарите. Уапсените се сомничат дека им плаќале пари на полицајци во замена за информации. Еден од уапсените Џастин Пенрос е новинар за таблоидот „ Daily Mirror", потврди весникот. Компанијата соопшти дека тој соработувал со полицијата. Досега беа уапсени 41 човек за кои британската полиција се сомнева дека учествувале во коруптивни зделки и нелегално прислушкување на телефони.