Индија сака да ја зајакне соработката со Mакедoнија

Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.

Оваа посета е показател на желбата на Индија да ја зајакне политичката и економската интеракција со Mакедoнија, изјави индиската министерка за надворешни работи Пренит Кор по средбата со нејзиниот македонски колега Никола Попоски. Според неа постои потенцијал за развој на туризмот и за соработка во повеќе области. Кор изјавиви дека Мајка Тереза е уникатна личност која ги поврзува Македонија и Индија и народите на двете земји.