17 години од масакрот во Сребреница

Илјадници луѓе се собираат во Сребреница да ја одбележат 17-годишнината од масакрот на околу 8 илјади муслимански мажи и момчиња од страна на силите на босанските Срби во 1995 година. Денеска треба да бидат погребани останките на уште 500 новоидентификувани жртви. Досега се погребани 5.000 убиени.

Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека Сребреница „секогаш ќе не потсетува на некои од најмрачните чинови во 20 век“.