Спортистите што се допингуваат сами да се откажат од Олимпијадата

Шефот на Светската анти-допинг агенција, Џон Фахеј, ги повика сите спортисти кои користат нелегални дроги доброволно да се повлечат од настапот на Олимписките игри во Лондон. Тој изјави дека агенцијата е фокусирана да ги открие спортистите кои се допингуваат и дека нивните службеници ќе направат повеќе од 6.000 тестови во текот на Олимпијата која ќе се одржи во 27 јули до 12 август.

„Оваа Олимпијада ќе биде најтестираната во олимписката историја и спортистите кои се допингуваат мора да знаат дека ќе бидат подложени на тешки контрола од страна на агенцијата од моментот кога ќе стапнат во олимпиското село“, изјави шефот на Светската анти-допинг агенција.