Расмусен и делагација на НАТО во посета на Косово

Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен со делегација на Советот утре ќе присуствува на Косово. Предвидено е тој да разговара со претставници на косовската влада, на КФОР и на меѓународната заедница. Делегацијата од НАТО ќе се состане со командантот на КФОР Ерхард Древс, потоа со косовскиот премиер Хашим Тачи и со заменик премиерот Слободан Петровиќ.