Кастро и Путин ќе се сретнат во Москва

Кубанскиот лидер Раул Кастро

Кубанскиот лидер Раул Кастро ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, соопшти Кремљ. Средбата е закажана за утре, а предвидено е да се разговара за билатерални и за економски прашања. Кастро последниот пат се сретна со руски претседател во 2009-та, кога на власт беше Дмитри Медведев, една годинa откaко ја презеде функцијата од неговиот брат Фидел.
Путин ја посети Хавана во 2000-та и беше првиот постсоветски лидер кој дошол во посета на Куба. Фокусот на разговорите ќе биде ставен на зајакнување на трговските врски кои страдаа по распадот на Советскиот Сојуз и за ефективен крај на руската економска помош за Куба.