Забрана за работа на 25 фирми кои работеле на топлото на отворено

Од Министерството за труд и социјална политика изминатите два дена изрекле 25 решенија за забрана за вршење на дејност на фирми кои не ги почитувале препораките и ангажирале работници на терен во период кога температурите биле највисоки и имало најголемо зрачење. Министерот Спиро Ристовски изјави дека инспекторите се на терен и дека нема да толерираат никого кој не ги почитува опомените, без разлика кој и да е работодавачот. Поради изречените забрани за вршење дејност стопирани се градежните работи на објектот на „Водовод и канализација“, на булеварот „Климент Охридски“, кружниот тек во Општина Ѓорче Петров, повеќе катни гаражи....