Во Хаг осуден воениот лидер на Конго Томас Лубанда

Воениот лидер на Конго Томас Лубанда Дуило во судот во Хаг.

Воениот лидер на Конго Томас Лубанда Дуило е првата личност осудена од страна на Меѓународниот кривичен суд. Судиите во Хаг денеска одлучија тој да помине 14 години затвор за регрутирање деца-војници. Лубанда кој има 51 година беше осуден во март за воени злосторства. Околу 60 илјади луѓе беа убиени во Конго во петгодишната војна при крајот на минатиот век.