Екс израелскиот премиер Олмерт виновен за корупција

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт денеска во судот во Ерусалим беше прогласен за виновен во врска со обвинението за корупција и се соочува со затворска казна. 66 годишниот Олмерт беше обвинет за примање мито од американски бизнисмен со еврејско потекло и за финансиска злоупотреба на хуманитарни акции. Тој ги отфри ваквите обвинувања. Во минатата година поранешниот израелски претседател Моше Кацав беше осуден на седум години затвор за силување.