Романскиот Уставен суд назначи В.Д. шеф на државата

В.Д. претседателот на Романија Крин Антонеску

Уставниот суд на Романија ја одобри минатонеделната одлука на парламентот, кој го суспендира од должноста претседателот на државата Трајан Басеску. Претседателот на Сенатот Крин Антонеску е назначен за вршител на оваа функција до вонредните претседателски избори, кои ќе бидат одржани ако распишаниот референдум го потврди сменувањето на Басеску. Антонеску, кој најверојатно ќе се кандидира за нов претседател, изјави дека ќе се повлече од политиката ако референдумот на успее.
За денеска е најавено дека ќе почне кампањата за референдумот за сменување на романскиот претседател.