Првиот сведок против Младиќ сведочеше во Хаг

Елведин Пашиќ,првиот сведок против поранешниот командант на силите на босанските Срби Ратко Младиќ.

Првиот сведок Елведин Пашиќ против поранешниот командант на силите на босанските Срби Ратко Младиќ денеска во Хаг објаснуваше како неговиот татко, чичко, роднини и уште 150 Мулимани загинале од рацете на босанските Срби во есента 1992 година во селото Грабовица во општината Котор Варош. Според обвинението против Младиќ српките сили на 3 номври 1992 „убиле извесен број Муслимани во Грабовица и околината“.

„Затоа што бев таму таа ноќ, немам дилеми дека сите тие се убиени“, изјави Пашиќ.

Тогашниот командант на војската на Република Српска Ратко Младиќ е обвинет за прогон на Мулимани и Хрвати од 20 општини од БиХ, за геноцид во Сребреница и во уште седум општини , за тероризирање на населението и за киднапирање на припадниците на ОН „сините шлемови“.