Грчкиот заменик министер за труд поднесе оставка

Грчкиот заменик министер за труд Никос Николопулос денеска поднесе оставка на својата функција во новата грчка влада која самошто стапи на должност, со образложение дека владата требало да стори повеќе за да добие поволни услови во договорите до странските кредиотори.

Николопулос од Нова демократија оставката ја објави на само 12 часа откако новата грчка влада на премиерот Андонис Самарас доби доверба во парламентот.

Во писмото до владата Николопулос инсистира на тоа дека владиниот кабинет требало да се приддржува кон поцврста линија во разговорите со тројката инспектори во Атина, минатата недела, за корегирање на „сериозните диспропорции“ на пазарот на трудот, во пензискиот систем и во системот за социјална помош.