Попоски- за спорот со Грција многу се дебатира, но без конкретни гестови

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и посредникот на ОН Метју Нимиц на средба во Скопје, 20 февруари 2012

Заложбите за исчекор во однос на проширувањето на ЕУ од страна на новата грчка Влада е одличен почеток и отвора нови можности за евроинтеграцијата на Македонија. Оваа можност дефинитивно може да биде искористена, особено ако се има предвид влијанието на Атина кај Кипар, актуелниот претседавач на Унијата, но почитуваме конкретни гестови, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба со новинарите. Како најава од Кипарското претседателство за претстојните шест месеци во поглед на проширувањето, Македонија не фигурира никаде. Но Попоски смета дека треба да се остави вратата отворена за да можат оние кои ги носат одлуките покажат дека навистина сакаат да помогнат за интегриран, просперитетен и мирен Балкан.
Министерот вели дека многу се дебатира на темата спор со Грција, а малку време се посветува на конкретни гестови. Попоски информирааше дека засега нема најави од медијаторот Метју Нимиц за нови иницијативи или средби.