Металуршкиот сектор бара излез од кризата

Од Здружението на црната и обоената металургија предупредуваат дека се повеќе се чуствуваат последиците од економската криза. Излез ќе бараат во дефинирањето краткорочни системски мерки, како интервенирање во цената на струјата како најголем производствен инпут. Компаниите од црната и обоената металургија ќе бараат и одложување на завршните рокови за воведување на еколошките стандарди, како и 30 отсто од 100-те милиони евра што ги одобри Европската инвестициска банка. Како резултат на должничката криза во Европа производството на основни метали во првите пет месеци годинава бележи намалување за 8,6 отсто во однос на истиот. Предвидувањата на Здружението се дека надворешната побарувачка до крајот на годинава ќе се намали за 50 проценти.