Ден на жалост во Русија

Во Русија денеска е ден на жалост поради жртвите од поплавите што пред три дена го зафатија југозападниот дел на земјата. ,,Во поплавите загинале 171 лице, а дваесет тела се уште не се иднетификувани,, соопшти руската влада. Големите поплави биле предизвикани од поројните дождови што ја зафатија областа Краснодарск при што биле поплавени над 5 илјади куќи. Претседателот Владимир Путин и локалните власти ги демантираа информациите дека за трагичните последици придонесло и неконтролираното излевање на водата од тамошното вештачко езеро.