Азиските берзи бележат пад

Цените на акциите на азиските берзи паднаа по лошите вести во врска со вработеноста во Соединетите држави. Во петокот беше соопштено дека во јуни во Соединетите држави биле отворени помалку работни места од очекуваните 80 илјади. И еврото денеска е под натамошен притисок откако во петокот неговата вредност падна на рекордно ниво во изминативе две години во однос на доларот. Во меѓувреме, Кина соопшти дека инфлацијата во втората најголема економија во светот во јуни падна на 2,2 насто откако владата ги намали каматните стапки во обид да го стимулира стопанството.