Гордон денеска разговара со Томислав Николиќ

Помошникот државен секретар на САД Филип Гордoн денеска ќе има разговори во Белград со претседателот на Србија Томислав Николиќ. Освен со Николиќ се очекува Гордон да разговара и со мандатарот за состав на новата влада Ивица Дачиќ. Гордoн синоќа во Белград имаше средба и со лидерот на демократската партија Борис Тадиќ, но по средбата немаше официјално соопштение за разговорот.
Стејт Департментот соопшти дека американскиот дипломат задолжен за европски и евроазиски прашања треба да им ја пренесе на српските претставници подршката на САД за формирање влада, од која се очекува развојна европска ориентација со јакнење на односите со соседите, особено со Косово.