ЕК: Намалување на економскиот раст во Западен Балкан, но и на инфлацијата

Европската комисија оцени дека од почетокот на годината во Хрватска, Македонија и Србија е забележано опаѓање на бруто домашниот производ за повеќе од еден отсто, со слични показатели во БиХ и Црна Гора, но воедно и опаѓање на инфлацијата.Во подробната економска анализа се наведува дека оваа „повторна слабост во некои земји во Западен Балкан може да е со повремено облежје, бидејќи е одраз на влошените меѓународни околности и состојби во Европската унија, како и значајното влијание од лошите зимски услови на производството и извозот“.Евро комисијата предвидува рецесија за Хрватска и пад на БДП за 1,2 отсто, за Македонија раст од 1,7 отсто, за Црна Гора 0,4, за Србија 0,3 проценти, додека за Босна и Херцеговина, Косово и Албанија не се дадени проценки.