Ништо не може да го наруши француско - германското пријателство

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел на церемонијата за одбележување на 50 годишнината од помирувањето на двете земји, нагласија дека нивното пријателство не можe со ништо да биде нарушено.

Тие одржаа говори во градот Ремс каде на 8 јули 1962 година беше потпишан договорот за помирување меѓу тогашниот француски претседате Шарл де Гол и германскиот канцелар Конрад Аденауер.

Коментирајќи го тоа што во Франција беа демолирани гробови на германски војници, Оланд рече дека ниту една мрачна сила не може да ги расипе длабоките француско- германски односи.

„Нашето пријателство ја инспирира Европа. Ние не сакаме да држиме лекции, туку да даваме пример“, изјави Оланд, по што Меркел на француски додала „Да живее француско- германското пријателство“ .