Сирија демонстрира воена сила преку воени вежби

Сириски воен камион.

Сириската војска започнала големи воени вежби кои вклучуваат воздушни операции и тестирање на проектили, соопштија сириските медиуми. Државната новинска агенција САНА објави дека воените вежби треба да траат неколку денови. Аналитичарите велат дека демонстрирањето на сила е предупредување до меѓународната заедница да не се меша во сириската криза. Некои сириски опозициски групи апелираа до Запад да се вмешаат странски сили за да се запре конфликтот, но западните држави досега не покажа индикации дека ќе интервенираат.