ОН - На Авганистан му е неопходна подршка

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун денеска во Токио побара да се продолжи со финансиската подршка на Авганистан, за да се стабилизира земјата откако ќе се повлечат меѓународните трупи.
Меѓународната зедница вети дека ќе обезбедат 16 милијарди долари за земјата до 2015-та година. Оваа меѓународна донаторска конференција е посветена на обезбедување на помош за цивилното населние во Авганистан, во таа помош не е вклучено одржувањто на безбедноста во земјата која Авгансита и понатаму ќе ја добива.

„ Ако не инвестираме во управувањето со земјата, во правосудството, во човековите права, во вработувањето и социјалниот напредок, се што е до сега инвестирано, како и жртвите, сето тоа ќе изгуби на значење“, изјави Бан Ки Мун.

Авганистанските власти се заинтересирани да обезбедат доволно финансиска подршка за клучниот период откако ќе си заминат силите на НАТО од земјата при крајот на 2014-та огдина.

Во замена за помош, Кабул вети дека ќе се справи со корупцијата и ќе воведе економски реформи. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи рече дека цврсто ќе останат на обврските.