Пакистан - спречен шверц на будистички артефакти

Артефакти, архивска фотографија.

Пакистанската полицијата запленила над 200 будистички артефакти, при обидот да се изнесат надвор од земјата, соопштија тамошните власти. Од Одделот за археологија на владата, изјавија дека скулптурите се стари околу 2.000 години. Вредноста на артефактите се проценува на милиони долари. Полицијата уапсила две лица во рациите. Иако неовластеното ископувања и транспорт на артефакти е строго забрането во Пакистан, сепак ваквите активности се зголемија поради безаконието во земјата.