Обама- изборите во Либија се уште една пресвртница

Избори во Либија.

Американскиот претседател Барак Обама и честиташе на Либија за првите слободни избори во последните децении, нарекувајќи ги како „уште една пресвртница“ во транзицијата на земјата кон демократија. На гласањето за избор на 200 членови за Парламентот, гласале околу 60 проценти од гласачите, соопшти изборната комисија. Сликата за изборите ја нарушија случувањата во источниот дел на земјата каде еден човек загина, а два се повредени, а имаше и палење на гласачки кутии. Последните парламентарни избори во Либија беа во 1964 година, пет години пред воениот удар од страна на Гадафи.