Во Либан двajца загинати во напад од Сирија

Либанската полиција соопшти дека две девојчиња се убиени, а 10 други лица повредени во северен Либан во ракетен напад од сириска територија. Либанската национална агенција јави дека неколку домови се погодени во нападот во регионот Вади Калед каде се истрелани неколку ракети.
Во Сирија државната телевизија објави дека терористичка група од Либан се обидува да се инфилтрира во тој регион и дека сириските безбедносни сили убиле десетина терористи. Ракета од Либан во Сирија беше истрелана минатата недела, при што беа повредени двајца гранични полицајци.