Брачна двојка-српски бегалци, убиени на Косово

Семејство на српски бегалци, кои се вратиле во својот дом во селото Талиновац, во близина на градот Урошевац, во јужно Косово, синоќа се најдени убиени. Според локалните власти, никој од локалните жители не слушнал ништо, затоа што куќата на убиените Милован и Лилјана Јефтиќ се наоѓала на крајот од селото. Телата на двајцата биле откриени од сосед, кој дошол да ги види. Косовската полиција соопшти дека во тек е обемна истрага.
Во меѓувреме српската влада го осуди нападот, оценувајќи дека тоа е напад врз Србите кои сакаат да живеат на Косово.