Филип Гордон: Поддршка на регионот за интегрирање во ЕУ

САД и натаму ќе работат да се интегрира регионот во ЕУ, изјави помошникот американски државен секретар Филип Гордон на вториот ден од меѓународната конференција што се одржува во Дубровник. Во својот говор Гордон оцени дека Хрватска е вистински лидер во регионот и додаде дека евроатланската интеграција е можна за сите земји од Западен Балкан. Помошникот американски државен секретар за европски и евроазиски прашања порача дека САД очекуваат нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Американскиот дипломат додаде дека САД ќе помогнат во тој процес, но оти Белград мора да престане да ги поддржува нелегалните безбедносни и судски структури на северот на Косово.