Пријателите на Сирија рекоа - „Асад мора да си оди“

Во Париз заврши Конференцијата на „Пријателите на Сирија“ со општа согласност дека Претседателот Башар ал Асад мора да ја напушти власта. Ова го изјави францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабио кој рече дека САД, Франција и Британија упатиле повик и за посилни санкции кон режимот во Дамаск. Тие сметаат дека Русија и Кина им штетат на напорите за ставање крај на конфликтот.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека се потербни санкции и резолуција на ОН за политичка транзиција на власта во Сирија. Клинтон рече и дека Русија и Кина треба да платат цена за блокирањето на акцијата против Асад. На состанокот, бојкотиран од Русија и Кина, присуствуваа преставници на 100 земји.
Британскиот секретар Вилијам Хејг изјави дека тие кои се противат на санкциите всушност дозволуваат продолжување на убивањата во Сирија.