Српскиот мандатар Дачиќ разговараше со претседателот на Албанија

Мандатарот за состав на владата на Србија, Ивица Дачиќ денеска по телефон разговараше со новоизбраниот претседател на Албанија, Бујар Нишани за унапредување на билатералните односи.
„Заедничка е определбата за унапредување на нашите билатерални односи во интерес на мирот и стабилноста на регионот“, изјави Дачиќ.
Нишани пред изборот за претседател на Албанија беше министер за внатрешни работи.